image

“ЕУРОЛИНК – ВАШАТА ВРСКА СО ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“
Еуролинк осигурување особено вложува во заедницата во која живее и работи. Во рамки на својата платформа за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“ компанијата е активен чинител и поддржувач на образованието, уметноста и културното живеење во Република Македонија. Во последните години, преку поддршка на еминентни национални установи, фестивали и со над 20-тина самостојно организирани активности компанијата допира до најмалите, се грижи и ги мотивира студентите и активно се вклучува во промоција и заштита на националното историско културно и уметничко наследство. Во изминатите години само преку спонзорства и донации компанијата има вложено над 50 милиони денари.

Ви претставуваме само дел од реализираните активности во рамки на платформата за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“.

ЛЕТНА БАЛЕТСКА ШКОЛА 
Еуролинк осигурување традиционално организира “Летна Балетска школа” за класичен балет, за деца од 6 до 11 години кои во период од 1 месец, под водство на Горан Божинов, првенец на МОБ.
 Целта е да се помогне на дечињата да го откријат и развијат својот талент, а воедно летниот распуст да го поминат активно, да се дружат и да се забавуваат.
Уживајте во танцот на малите балерини на следните линкови: Летна балетска школа 2014Летна балетска школа 2015Летна балетска школа 2016Летна балетска школа 2017


“ЕУРОЛИНК СТИПЕНДИЈА”  
Секоја година 30 студенти на додипломски и постдипломски студии на Правниот факултет “Јустинијан Први” имаат можност да станат добитници на  “Еуролинк стипендија”. Конкурсот се распишува секоја година на 15 јуни и трае до 15 септември. Доделувањето на стипнедиите е во месец октомври.
Погледнете ги стипендистите на следните линкови: Еуролинк стипендисти 2014Еуролинк стипендисти 2015Еуролинк стипендисти 2016Еуролинк стипендисти 2017R03;


СЕ ДРУЖИМЕ И ПЛИВАМЕ СО ПРОФ. Д-Р НАТАША МЕШКОВСКА И ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ” 
Еуролинк осигурување организира бесплатно пливање за најмладите под раководство на професионалниот тренер проф. Д-р Наташа Мешковска. Повеќе од 200 дечиња од 8 до 10 години, пливаа, уживаа и склучуваа нови пријателства, а воедно и ги подобруваа своите пливачки вештини.
Споределуваме дел од пријатната атмосфера од базените на следните линкови: Скопје 2016, Скопје 2017, Битола 2017, Кавадарци 2017

ЗИМСКА ЛИЗГАЧКА ШКОЛА 
Еуролинк осигурување од 2015 година овоможува бесплатно учество на 35 дечиња во “Зимската лизгачка школа” под водство на професионален тренер по уметничко лизгање Ксенија Јаштешењски – Симиќ.
Школата се организира на лизгалиштето во СЦ “Борис Трајковски” и е единствен проект од ваков вид во земјава со кој се овоможува совладување на основните техники на уметничкото лизгање и активно спортување во текот на зимскиот период.
Почувствувајте ја атмосферата и разгледајте ја галеријата на слики: Зимска лизгачка школа 2015Зимска лизгачка школа 2016Зимска лизгачка школа 2017.  
 
НОВА ЧИТАЛНА ВО СТУДЕНТСКИОТ ДОМ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ДЕКЕМВРИ 2015
Еуролинк донираше 8.500 евра за модернизирање на читална и библиотека во студентскиот дом ”Гоце Делчев”. Простор со површина од 160 квадратни метри, во блокот Б, на 6-ти кат доби комплетно модерен лик со нов инвентар- маси, столици и библиотека.
Погледнете ја новата читална и библиотека на следните линкови:
/admin/admin_web/ckeditor/ckfinder/userfiles/images/PFZ_8720.JPG
/admin/admin_web/ckeditor/ckfinder/userfiles/images/PFZ_8750.JPG
/admin/admin_web/ckeditor/ckfinder/userfiles/images/PFZ_8785.JPG

МАПА НА КУЛТУРАТА 
Оваа активност претставува неколкучасовна  тура со професионални водичи со посета на познатите културно – историски локации во Република Македонија. Со вас споделуваме моменти од прекрасните активности: Мапа на култура - Скопје - 2014,  Мапа на култура - Скопје 2015, Мапа на култура - Стоби 2016Мапа на култура - Св. Јован Бигорски - 2017Мапа на култура - Хераклеја и Битола- 2017

ОРАТОРСКА ВЕЧЕР ИВО ПУХАН 
Еуролинк осигурување традиционално се јавува како поддржувач на  Ораторската вечер при Правниот факултет “Јустинијан Први”. Зaради големиот интерес за финалето на ораторските вечери, компанијата овозможи пренос во живо преку  интернет – страница на Клубот на оратори, www.klubnaoratori.mk, изработена со целосна поддршка на Еуролинк осигурување. 
 

ДЕНОВИ НА ФОТОГРАФИЈА – ОКТОМВРИ/НОЕМВРИ 2014
Во период од 15 октовмри до 15 ноември 2014 година љубителите на добрата фотографија, аматери и професионалци учествуваа во фото – натпревар со наслов “Емотивната страна на културата”со авторски фотографии од овековечени моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно – уметнички и забавни манифестации.
На најдобрите три фотографии им беа доделени вредносни ваучери.
Воедно беа селектирани 30 слики и претставени пред јавноста на изложба од продажен карактер а собраните средства од продадените слики беа донирани во одделот на Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште “Лазар Личњеноски” во Скопје.
Погледнете ја изложбата на фотографии на следниот линк:
https://www.facebook.com/eurolinkmk/photos/?tab=album&album_id=789003621159033

ПАРТНЕРСТВО СО РЕНОМИРАНИОТ ФЕСТИВАЛ “ОХРИДСКО ЛЕТО”
ПОВЕЌЕГОДИШНА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување