
Финансиските средства не можат да бидат замена за нечие здравје или живот, но се неопходни за згрижување и нега во најтешките ситуации за кои и не сакаме да размислуваме
Осигурувањето од последици на несреќен случај обезбедува надомест доколку настанат следниве несакани последици:
- Смрт од несреќен случај - незгода
- Траен инвалидитет од несреќен случај - незгода *
- Трошоци за лекување од несреќен случај - незгода **
- Преодна спреченост за работа (дневен надомест) од несреќен случај - незгода ***
Кај одредени видови осигурување од незгода може да се осигура и ризикот смрт од болест, тешки болести, трошоци за спасување, смрт од сообраќајна незгода.
Информирајте се подетално за можностите:
- Колективно осигурување работници од последици на несреќен случај
- Oсигурување членови на домаќинство на земјодлески производители
- Комбинирано осигурување на пензионери
- Осигурување лица при вршење на противпожарни и други спасувачки дејности
- Осигурување членови на културно уметнички друштва
- Осигурување ученици и студенти
- Осигурување гости во хотели, мотели, кампови, бунгалови, бањски лекувалишта и сл.
- Осигурување посетители на културно уметнички, спортски и други приредби
- Осигурување туристи и излетници
- Осигурување претплатници на струја, гас и сл.
- Осигурување претплатници на списанија, вложувачи на штедења и сл.
- Осигурување демонтери на мини, гранати и др ги експлозивни средства
- Осигурување каскадери и лица кои учествуваат во акробации и други опани сцени при снимање на филмови од последици на несреќен случај
- Осигурување лица за време на феријално летување, зимување и логорување
- Осигурување ученици на курсеви за пливање и скијање
- Осигурување гонители во лов
- Осигурување нуркачи
- Доброволно осигурување на патници во јавен сообраќај
- Осигурување доброволни дарители на крв
- Осигурување членови на планинарски сојуз
- Осигурување членови на ловни и риболовни организации
Осигурувањето од незгода на Еуролинк Осигурување е територијално и временски неограничено и секој на возраст од 14 до 75 години возраст без разлика на професија и занимање може да стане наш осигуреник.
Дефиниција за несреќен случај согласно со условите за осигурување
Несреќен случај е секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан, кој дејствувајќи од надвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за последица целосен и делумен инвалидитет, преодна неспособност за работа, нарушување на здравје кое бара лекарска помош и смрт.
Од незгода можете да се осигурите како поединец, како член на семејство и припадник на група.
Контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба кои професионално ќе го оценат ризикот на кој се изложени вашите вработени односно членови и ќе го понудат најадекватното покритие со ризици со кои се обезбедува заштита.
_________________
* Траен инвалидитет се смета за трајна, иреверзибилна состојба на нарушување на нормалната функција на дел односно орган на телото според Табелата за определување на процент на траен инвалидитет.
** Осигурувачот исплатува дневен надомест во износ договорен со полисата, за онолку денови колку што траела неспособноста за работа – боледувањето но не повеќе од 200 денови во една година).
*** Осигурувачот исплатува надомест за сите нужни и фактички трошоци за лекување што според прописите на Законот за задолжително здравствено осигурување паѓаат на товар на осигуреникот, а најмногу до осигурената сума наведена во полисата)