ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРВНА ЗАШТИТА
 


ШТО Е ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?

Приватното здравствено осигурување ги покрива сите медицински трошоци на осигуреникот и тоа:

  • Здравствена заштита во приватни клиники (Клиника Жан Митрев, Ремедика, Аџибадем Систина, Санте Плус, Систина Офталмологија, Плодност - Битола, Неуромедика,  Специјалната очна болница „Деница“, ПЗУ Поликлиника Дента ЕС, ПЗУ Дентизар - Специјалистичка ординација по стоматолошка протетика, Стоматолошка ординација Круна МС, Медикал центар Промедика и др.) 
  • Избор на лекар и на клиника (во било која земја, по ваш избор)
  • Договарање на термин кој вам ви одговара
  • Користење на здравствени услуги без упат од матичен лекар, без чекање на покритие од партипацијата и без доплата за лекови од листата на ФЗО
  • Здравствени услуги без ограничување во зависност од типот на прегледот
  • Директна исплата на трошоци за болничко лекување
  • Годишна премија за користење на здравствени услуги според сопствените потреби
  • Можност за индивидуална и групна полиса
  • Можност за вклучување на брачни другари до 70 години (обновување до 75 години)
  • Можност за вклучување на издржувани лица до 21 година (24 години за студенти)

 

КАКО ДА СТАНЕТЕ КОРИСНИК НА ПРВОТО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?

Откако ќе го пополните информативниот медицински прашалник ќе добиете основа за утврдување на вашата годишна премија за осигурување. Претставник од Еуролинк Осигурување ќе ви предложи најсоодветна понуда со покритие и премија. По прифаќање на понудата, ќе ви биде доставена полисата.

 

За подетални информации за нашата понуда за приватно здравствено осигурување, контактирајте го вашиот консултант за осигурување, нашиот контакт центар "Еуролинк 24" на телефонскиот број 02/ 15 888 или по е-маил: eurolink24@eurolink.com.mk.
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување