Дата: 18.09.2017 - 250 Учесници ги слушнаа преданијата за тајните на Бигорскиот манастир и уживаа во природните убавини во рамки на програмата ,, Мапа на културата’’ организирана од Еуролинк осигурување

Author

Во саботата на 16 септември 2017 година, се одржа еднодневна посета  на манастирот ,, Св. Јован Бигорски’’, како дел од програмата ,, Мапа на културата’’, организирана од Еуролинк осигурување. Еуролинк осигурување уште еднаш ги потврди своите заложби за негување на вистинските културни, археолошки и историски вредности, и им овозможи на 250 учесници да се запознаат со тајните на Бигорскиот манастир. Овој манастир претставува уникатен пример на архитектонко дело, кој го привлекува вниманието на посетителите. Бигорскиот манастир името го добил по бигорната подлога на која е изграден. Црквата во Бигорскиот манастир е почната со изградба во далечната 1021 година. Портите на манастирот Св.Јован Бигорски се направени од благородно масивно дрво и опточени со метални топки. Манастирскиот комплекс се состои од: Семејна кула, Манастирска црква и костурница која се наоѓа веднаш до самата црква и гостинските конаци. Во црквата доминира големиот иконостас во резба кој е изработен од надалеку прочуениот копаничари Петре Филиповски – Гарката и Макарие Фрчковски познати по своите импозантни дела.  Но, во изработката на иконостасот учествувале и други познати резбари кои потекнувале од  Дебарската и Мијачката школа, и кои го изработиле овој иконостас кој бил работен цели шест години, за да биде еден од најубавите на Балканот.
Покрај резбите на светиот Јован Крстител и останатите светци, иконостасот е обогатен со многубројни резби на животни и птици кои многу успешно се испреплетени со орнаменти на винова лоза, цвеќиња, ружи и многу други обележја, карактеристични за работата на дебарските и мијачките резбари.
Во внатрешноста на манастирот се наоѓа мало сребрено кофчеже во кое се наоѓаат светите мошти на Свети Јован Крстител, а исто така се наоѓа и импознатна збирка на рачно пишувани ракописи кои се чуваат низ вековите. Секој добронамерник во манастирскиот комплекс  е почестен со топло кафе и локум, уживајќи во прекрасниот амбиент во македонски стил.  Богатствата на природата ќе ве натераат  да ја почуствувате неповторливата импозантна големина на манастирот,, Св. Јован Бигорски ‘’, бидејќи само тука ќе можете да го почуствувате духовниот  мир,  кој ќе ве натера повторно да го посетите овој рај на земјата. Еднодневната прошетка на која присуствуваа 250  учесници од сите генерации помина во прекрасна атмосфера и дружење. Се редеа возбудливи приказни за тајните преданија на Бигорскиот манастир. На крајот од денот со широка насмевка исполнета со мир и спокој се вративме во реалноста, побогати со ново искуство. Програмата ,, Мапа на културата’’, за запознавање на културните вредности на Македонија се одвива во рамките на платформата за Корпоративно општествена одговорност, ,, Еуролинк – Вашата врска со вистинските  вредности’’.
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување